July 6, 2025 | | Свет
Нони Мадуеке е на чекор до трансфер во редовите на Арсенал откако, според последните информации, ги прифатил личните услови што му ги понудил лондонскиот ривал. Крилниот напаѓач на Челси го одобрил спортскиот проект на „топчиите“, а неговите агенти постигнале брз договор со Арсенал. Сепак, и покрај тоа што играчот е подготвен за нов предизвик, трансферот ќе мора да почека додека двата клуба не се договорат околу отштетата. Челси ја проценува вредноста на 23-годишниот Мадуеке на 60 милиони евра, но Арсенал се обидува да ја намали сумата во тековните преговори. Спортскиот сектор на „топчиите“ се надева на позитивен развој на ситуацијата во наредните денови. Мадуеке минатата сезона запиша 32 настапи во сите натпреварувања, при што постигна седум голови и додаде три асистенции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |