Непристоен потег на Дијаз: Кога сите тагуваа по Жота, тој се забавуваше (ВИДЕО)

July 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Непристоен потег на Дијаз: Кога сите тагуваа по Жота, тој се забавуваше (ВИДЕО)

Португалија вчера со солзи и тишина се збогуваше со трагично загинатите Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, но едно отсуство особено привлече внимание и предизвика гнев во јавноста – она на Луис Дијаз. Колумбискиот фудбалер на Ливерпул не се појави на погребот, иако присуствуваа бројни соиграчи од португалската репрезентација, како и дел од неговите клупски колеги. Ниту клубот, ниту самиот Дијаз дадоа официјално објаснување за неговото отсуство, но медиумите во Колумбија и Португалија објавија фотографии и видеа од негова посета на роденденска забава на колумбиска инфлуенсерка. Потегот предизвика лавина од критики, особено бидејќи јавноста потсети дека Жота беше еден од најгласните поддржувачи на Дијаз кога неговиот татко беше киднапиран минатата година. Додека Дијаз се фотографираше на забава, Рубен Невеш и Жоао Кансело, кои настапија за Ал Хилал на Светското клупско првенство само неколку часа претходно, веднаш заминаа во Португалија за да оддадат последна почит на својот пријател и соиграч. За многумина, потегот на Дијаз е непочит кон човекот кој некогаш му подаде рака во најтешките моменти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.