July 6, 2025 | | Свет
По месеци шпекулации и бројни понуди од најсилните европски лиги и од Саудиска Арабија, Виктор Осимен направил потег што ги изненади сите – ќе ја продолжи кариерата во редовите на турскиот гигант Галатасарај. Иако многумина очекуваа трансфер во Премиер лигата или заминување на „нафташки“ милиони, Нигериецот реши да остане во Европа, но изненадувачки одбра клуб надвор од топ 5 лигите. Осимен ги договорил личните услови со Галатасарај, но сега следи најтешкиот дел – исплата на отштетата од 75 милиони евра на Наполи. За таа цел, клубот од Истанбул започнал разговори со неколку крупни спонзори и компании во Турција, во обид да ги собере потребните средства и да го комплетира историскиот трансфер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |