July 6, 2025 | | Свет
Душан Влаховиќ е во центарот на новата фудбалска сага во Италија – Јувентус сака да го продаде, но српскиот напаѓач не планира да си замине. И покрај тоа што е свесен дека нема да добие минути, Влаховиќ е решен да ја искористи последната година од договорот и да инкасира 12 милиони евра, дури и по цена да седи на трибини цела сезона. Јувентус веќе ја испрати пораката – со ангажманот на Џонатан Дејвид, клубот јасно стави до знаење дека Влаховиќ не е во плановите за наредната сезона. Но, Србинот не се вознемирува – во моментот нема понуда од друг клуб што би му гарантирала толкави примања, па неговата позиција е цврста. Интерес има од Манчестер Јунајтед и Милан, но понудените плати не се ни блиску до сумата што ја нуди Јувентус за последната година. Затоа, „старата дама“ веќе закажа состанок со агентот на Влаховиќ за следната недела, со надеж дека ќе се најде компромис. Се шпекулира дека клубот е подготвен значително да ја намали отштетата за трансфер, со цел да му овозможи на играчот да добие подобри услови во нова средина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |