July 6, 2025 | | Свет
Дензел Дамфрис би можел наскоро да стане ново засилување на Манчестер Сити, откако англискиот шампион започна конкретни преговори со Интер за негов трансфер. Според информации од британските медиуми, „граѓаните“ гледаат во Холанѓанецот идеален наследник на Кајл Вокер, кој веќе потпиша за Барнли. Откупната клаузула на бекот изнесува 25 милиони евра и важи до 15 јули – сума која не претставува никаков финансиски товар за клубот на Пеп Гвардиола. Очекувањата се дека зделката може да биде финализирана уште пред крајот на неделата. Дамфрис блесна минатата сезона, особено во настапите во Лигата на шампионите каде беше еден од клучните играчи на Интер, особено во двомечот со Барселона. Дополнителен мотив за трансферот е и, како што пренесуваат италијански извори, влошената атмосфера во соблекувалната на „нераѕурите“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |