Трајковски емотивно се збогуваше со Ракитиќ кој реши да се пензионира

July 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трајковски емотивно се збогуваше со Ракитиќ кој реши да се пензионира

Еден од најелегантните и најдоследни фудбалери на Балканот, Иван Ракитиќ, стави точка на својата блескава кариера. Поранешниот играч на Барселона, Севиља и Хрватска репрезентација сега и официјално го одигра својот последен натпревар. Во еден од најтоплите поздрави по неговото пензионирање, се огласи македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој со Ракитиќ ја делеше соблекувалната во Хајдук Сплит. Во искрена и емотивна порака, Трајковски ја потенцираше не само фудбалската големина на Ракитиќ, туку и неговиот човечки квалитет: „Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. За мене беше чест и привилегија што ја делев годината со тебе,“ напиша Трајковски, додавајќи дека Ракитиќ останува инспирација и пример за сите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.