July 7, 2025 | | Свет
Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз се најде во центарот на жестоки критики откако одбра да присуствува на концерт наместо на погребот на својот соиграч Диого Жота и неговиот брат, кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа. Снимки на кои Дијаз танцува и се забавува во родната Колумбија, објавени на денот на погребот, брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи гнев кај фудбалската јавност. Многумина неговото отсуство го сметаат за длабоко непочитување, особено со оглед на блискоста меѓу него и Жота. „Мундо Депортиво“ објави и необично објаснување – Дијаз, наводно, бил обврзан со договор да се појави на настанот како „ѕвезда на вечерта“, а неговото откажување би довело до финансиски последици и пропаст на целиот настан. Сепак, фудбалерот не дал јасна и емпатична изјава по повод трагедијата, што уште повеќе ја разгневи јавноста. Дополнително масло на огнот долева фактот што Жота беше еден од првите што јавно го поддржа Дијаз во моментите кога неговиот татко беше киднапиран — потег што сега добива горчлив одраз.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |