Луис Дијаз постигнал договор со Баерн Минхен

July 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луис Дијаз постигнал договор со Баерн Минхен

Колумбиската ѕвезда Луис Дијаз направи голем чекор кон преселба во Бундеслигата, откако, според информации на германскиот „Билд“, ги договорил личните услови со Баерн Минхен. Сепак, трансферот сè уште не е завршена работа – сега следува најтешкиот дел: да се усогласат барањата на Ливерпул со понудата на Баерн. Англискиот клуб досега јасно стави до знаење дека Дијаз не е на продажба, но интересот на баварскиот гигант, засилен со согласноста на играчот, би можел да ја промени таа позиција. Во трката за крилниот напаѓач влезе и Барселона, која повторно се активираше откако не успеа да го доведе Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Со договорените лични услови, топката сега е кај клубовите. Ако Баерн и Ливерпул најдат заеднички јазик, Дијаз би можел наскоро да облече нов дрес и да стане дел од нова фудбалска приказна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.