July 7, 2025 | | Свет
Интер Мајами работи на амбициозен план кој би можел да го задржи Лионел Меси во клубот – ангажман на неговиот близок пријател и соиграч од репрезентацијата, Родриго Де Пол. Според Фабрицио Романо, Мајами е заинтересиран да го донесе играчот на Атлетико Мадрид, за кого се споменува трансфер вреден околу 15 милиони евра. Де Пол има уште една година од договорот со шпанскиот клуб, што може да го олесни потенцијалниот договор. Оваа вест доаѓа во сензитивен момент, веднаш откако францускиот „Л’Екип“ објави дека Ал Ахли веќе започнал разговори со намера да го доведе Меси во декември, кога му истекува договорот со Интер Мајами. Де Пол е еден од најверните соиграчи на Меси, не само на терен туку и надвор од него, па токму неговото присуство може да има силно влијание врз одлуката на Аргентинецот дали да остане во САД. Раководството на Интер Мајами е свесно дека мора да изгради поконкурентен тим – моментално се наоѓаат на шестата позиција во Источната конференција, и се во потрага по стабилност и сила пред вториот дел од сезоната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |