July 7, 2025 | | Свет
Галатасарај тргна во мисија која би можела да стане најголемиот трансфер во историјата на турскиот фудбал – понудени се 50 милиони евра плус 5 милиони во бонуси за Виктор Осимен. Но дури и оваа сума, без преседан за Суперлигата, не е доволна за Наполи да се откаже од својот напаѓач. Според реномираниот новинар Фабрицио Романо, турскиот гигант се надева дека ќе го врати Осимен, кој минатата сезона веќе играше во Истанбул на позајмица, овојпат како целосен трансфер. Намерата на „лавовите“ е јасна – да направат трансфер бомба и да го предводат напаѓачкиот ред со еден од најпосакуваните фудбалери во Европа. Сепак, Наполи останува цврст во преговорите. Италијанскиот клуб не сака да го пушти Нигериецот под условите кои ги нуди Галатасарај и очекува далеку повисока сума. Паралелно, во игра е и Ал Хилал од Саудиска Арабија, клуб кој е подготвен да ја активира откупната клаузула од 75 милиони евра. Но досега, Осимен не покажал интерес да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |