Чурлинов пред нов предизвик – нов клуб сака да го донесе во своите редови

July 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Чурлинов пред нов предизвик – нов клуб сака да го донесе во своите редови

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов би можел повторно да заигра во полската Екстракласа, но овојпат во дресот на Легија Варшава. Според полските медиуми, амбициозниот клуб од главниот град веќе стапил во контакт со Барнли и е сериозно заинтересиран за трансферот. Чурлинов минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Јагелонија, каде остави силен впечаток. Со 43 одиграни натпревари, седум постигнати голови и четири асистенции, тој беше една од клучните фигури во тимот. По завршувањето на сезоната се врати во Барнли, но сè посилни се шпекулациите дека таму нема да остане долго. Иако има уште една година договор со англискиот клуб, интересот од Легија може да доведе до нов трансфер, особено ако клубовите постигнат договор за условите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.