July 7, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи ја одбил првата официјална понуда од Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, вредна 60 милиони евра. И покрај тоа што нигерискиот голгетер веќе ги договорил личните услови со турскиот гигант, договорот меѓу клубовите засега останува далеку од реализација. Наполи, кој во договорот со Осимен има поставена откупна клаузула од 75 милиони евра, не сака да попушти под оваа граница. Турскиот клуб се надеваше дека ќе ја намали сумата со прва понуда од 60 милиони, но одговорот од Неапол бил јасен – недоволно. Иако Наполи останува тврд во преговорите, се верува дека би можело да дојде до компромис, но само доколку Галатасарај се врати со значително подобрена понуда. Следниот потег е на турскиот клуб, кој најавено е дека ќе настапи со нова, веројатно финална офанзива за трансферот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |