July 8, 2025 | | Свет
По заминувањето на Мбапе од Пари Сен Жермен, односите меѓу него и францускиот клуб беа крајно затегнати. Првичната причина за судирот беше барањето на Мбапе да му се исплати бонусот за лојалност, иако тој не го продолжи договорот и замина како слободен играч во Реал Мадрид. ПСЖ го сметаше тоа како неосновано побарување, што дополнително ги влоши тензиите. Наскоро по тоа, во јавноста се појави уште посериозна информација – дека Мбапе поднел тужба против ПСЖ за психичко вознемирување. Тоа беше врв на конфронтацијата меѓу двете страни и знак дека разделбата оставила длабоки траги. Но, според најновите извештаи од Франција, работите се движат кон смирување. Мбапе наводно решил да ја повлече тужбата и да ги подобри односите со поранешниот клуб. Извори блиски до фудбалерот и до ПСЖ велат дека комуникацијата меѓу страните се подобрила во последните недели, што резултирало со нова, помирлива атмосфера.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |