July 8, 2025 | | Свет
Силен удар од природата го потресе хрватскиот град Сплит, каде што разорно невреме со силен ветер и пороен дожд предизвика значителна материјална штета. Меѓу најпогодените објекти е легендарниот стадион „Пољуд“, домот на фудбалскиот клуб Хајдук Сплит. На социјалните мрежи се појавија снимки што го доловуваат невремето – гранки, лимови, вода и остатоци низ улиците, а особено алармантна е состојбата на стадионот. Од клубот информираа дека најмногу страдал покривот, кој бил делумно откорнат, а теренот е целосно поплавен и оштетен. „Оштетени се и дел од внатрешните простории, неколку канцеларии, а стадионот остана и без електрична енергија. Времето сè уште не дозволува целосна проценка, но штетата е значителна“, соопштија од Хајдук. Инцидентот доаѓа во чувствителен момент за клубот, кој се подготвуваше за натпревари, но сега вниманието е пренасочено кон санација на последиците. Градските служби се мобилизирани, а проценките за обемот на штетата ќе се прават штом се стабилизира временската состојба. Видеото погледнете го ТУКА.
The damage inside Poljud 😱 📸 Dalmatinski Portal pic.twitter.com/4OnPyIPfDA
— Croatian Football (@CroatiaFooty) July 8, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |