Познат аналитичар тврди: Роналдо шири нервоза, станува голем проблем за Португалија

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познат аналитичар тврди: Роналдо шири нервоза, станува голем проблем за Португалија

Кристијано Роналдо сеуште нема постигнато гол на ова Европско првенство а никогаш претходно му се нема случено да не постигне гол во групната фаза на Европското или Светското првенство. Аналитичарите тврдат дека Кристијано Роналдо станува проблем за својата селекција. „Воопшто не е важно колку е добар и колку е подготвен, ниту пак што прави на теренот. Ако тој сака да игра, ќе игра, зарем не… се чини дека селекторот и воопшто нема избор на оваа тема“, вели поранешниот фудбалер Алан Ширер. Неговиот колега Мајка Ричардс пак беше премногу искрен за тоа каква атмосфера Роналдо носи во тимот. „Прво, не ми е јасно зошто мораше да игра во третото коло со Грузија. Никој од ѕвездите не беше на теренот, но тој како да мораше да игра, да даде гол, да се докаж, не разбирам. Јасно ми е дека сака да даде што повеќе голови, но тоа веќе не е позитивна работа, туку проблем. Кристијано е три меча без гол, може да видиме како се однесува, цело време е бесен. Лут е на судиите што не свират секогаш кога ќе падне, лут е на соиграчите што не му додаваат кога тој мисли дека требa, а кога ќе го извадат од игра лут е на сите. Селекторот беше во право кога го повлече, бидејќи на сите им беше јасно дека е премногу тензично кога Кристијано е на теренот, а веќе имаше и жолт картон за приговор“, прокоментира Ричардс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.