July 8, 2025 | | Свет
Младиот шпански фудбалски бисер Ламин Јамал, кој веќе ги освојува фудбалските терени со репрезентацијата и Барселона, на 13 јули ќе наполни 18 години, а роденденот планира да го прослави со вистински спектакл на Ибица. Според шпанските медиуми, Јамал организира ексклузивна роденденска забава на познатиот шпански остров, каде ќе присуствуваат бројни гости – од пријатели и семејство до познати личности од спортот и шоу-бизнисот. Но, за разлика од типичните славенички настани на младите ѕвезди, Јамал воведува едно строго правило: забрана за мобилни телефони. Сите гости на влезот ќе мора да ги остават своите уреди, со цел да се избегне објавување фотографии или видеа на социјалните мрежи. Иако се очекува атмосфера полна со луксуз, музика и забавни моменти, Јамал очигледно сака неговото полнолетство да остане во кругот на блиските – без присуство на јавноста или медиумска изложеност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |