July 8, 2025 | | Македонија
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија избори активен резултат на гостувањето кај ТНС во Велс, одигрувајќи натпревар без голови во првиот меч од квалификациите за европските натпреварувања. Реваншот е закажан за седум дена на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Натпреварот беше изедначен, но домашниот тим прикажа нешто поагресивна игра, особено во првото полувреме. Сепак, тетовскиот состав успеа да одолее на притисокот благодарение на одличниот Гаје, кој со неколку сигурни интервенции го сочува својот гол. Шкендија имаше прилики за погодок, најмногу преку Адеми, Љатифи и Цаке, но реализацијата изостана. И покрај тоа, резултатот од 0-0 му дава солидна основа на тимот од Тетово за реваншот пред своите навивачи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |