July 9, 2025 | | Свет
Деновиве ќе биде реализиран најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал – Виктор Осимен преминува од Наполи во Галатасарај за сума од 75 милиони евра. Турскиот гигант првично испрати понуда што беше одбиена од страна на Наполитанците, клубот од Истанбул доби јасен одговор – Осимен може да замине само со активирање на откупната клаузула. Галатасарај не се двоумеше долго и според информациите на реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, клубот веќе го известил Наполи дека ќе ја плати целосната сума. Со тоа, двата клуба си подале рака, а официјализацијата на трансферот се очекува наскоро. Напаѓачот од Нигерија веќе ги договорил личните услови со Галатасарај, што значи дека остануваат само формалностите. Осимен ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на турската Суперлига, со што Галатасарај испраќа јасна порака за своите амбиции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |