July 9, 2025 | | Свет
Тајрел Маласија, првото засилување во ерата на Ерик тен Хаг, наскоро може да ја напушти екипата на Манчестер Јунајтед, и тоа за сума која е дури четири пати пониска од онаа за која беше донесен. Летото 2022 година, „црвените ѓаволи“ платија 15 милиони евра за левиот бек, но сега бараат само 3,5 милиони евра за да се разделат со него. Според последните информации, оваа сума всушност е пресметана според сметководствената вредност на играчот во финансиските книги на клубот – што значи дека евентуалната продажба за толку пари би значела финансиска нула и би помогнала Јунајтед да избегне загуба според правилата за профит и одржливост на Премиер лигата. Маласија имаше солиден старт во дресот на Јунајтед, но потоа заработи сериозна повреда поради која ја пропушти цела сезона 2023/24. Се врати на терените дури во ноември, а и покрај тоа што доби пофалби од новиот тренер Рубен Аморим, беше испратен на позајмица во ПСВ Ајндховен за втората половина од сезоната 2024/25. ПСВ имаше можност да го откупи договорот за 10 милиони евра, но се откажа од таа опција. Сега, најсериозен интерес покажува Селтик, клуб кој би можел да го доведе 25-годишниот холандски репрезентативец за „симболични“ 3,5 милиони евра. Маласија не е единствен на листата за заминување – Рашфорд, Санчо, Гарначо и Антони се споменуваат како фудбалери кои Рубен Аморим ги нема во своите планови, што најавува голема реконструкција на „Олд Трафорд“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |