July 9, 2025 | | Свет
Францускиот гигант Лион доби позитивни вести – клубот ќе остане дел од Лига 1 и покрај сериозните финансиски проблеми што го доведоа неговиот статус во прашање. Покрај тоа, Лион ќе настапува и во Лигата на Европа во новата сезона. Претходно, беше донесена привремена одлука за исфрлување во Лига 2, откако финансиската комисија утврди дека клубот не ги исполнува критериумите за финансиска стабилност, поради големи долгови. Таа одлука предизвика бурни реакции во јавноста и огромна загриженост кај навивачите на еден од најтрофејните клубови во Франција. Сепак, по извршените ревизии и ветувањата од управата, Лион доби зелено светло за настап во елитниот ранг. Иако ќе биде подложен на рестрикции во трансферите и платите, клубот останува дел од француската елита. Оваа одлука значи и задржување на европскиот статус, бидејќи клубот се избори за учество во Лига Европа. Очекувањата, како и секогаш, остануваат високи, и покрај новите финансиски ограничувања – Лион ќе се стреми кон висок пласман и стабилизација на своето работење.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |