July 9, 2025 | | Свет
Карло Анчелоти е осуден на една година затвор од страна на шпанскиот суд поради непријавени приходи од маркетиншки права додека бил тренер на Реал Мадрид во 2014 година. Иако казната предвидува затвор, Анчелоти нема да оди зад решетки, бидејќи според шпанските закони, ваквите казни се заменуваат со парични во случаи каде што не станува збор за насилничко дело и кога лицето нема претходни пресуди. За таа цел, Анчелоти ќе плати казна во износ од 386.000 евра. Оваа правна постапка не го засега неговиот актуелен ангажман со репрезентацијата на Бразил, која успешно ја квалификуваше на Светското првенство во 2026 година. Со тоа, „кариоките“ остануваат единствената репрезентација која учествувала на сите досегашни мундијали, а Анчелоти, и покрај правниот товар, продолжува да се фокусира на подготовките за најголемиот светски фудбалски настан.
🚨🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Carlo Ancelotti has been sentenced to one year in prison for tax fraud in 2014. — @EFEnoticias pic.twitter.com/zrOmzko9l5
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) July 9, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |