ПСЖ го посрамоти Реал со четири гола во мрежата и се пласира во финалето! (ВИДЕО)

July 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ го посрамоти Реал со четири гола во мрежата и се пласира во финалето! (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен започна спектакуларно обезбедувајќи висока предност од 3-0 против Реал Мадрид веќе по само 25 минути игра. Натпреварот започна со шок за „кралскиот клуб“. Во 6. минута, Фабиан Руиз го отвори резултатот со лесен погодок пред празната мрежа, по одлична акција на парижани. Само три минути подоцна, Осман Дембеле ја казни грешката на Антонио Рудигер и погоди за 2-0, оставајќи го Реал во комплетен хаос. Обидот на шпанскиот гигант да се врати во натпреварот само ги отвори просторите за противникот, што ПСЖ одлично го искористи. Во 25. минута, Руиз повторно се запиша во листата на стрелци, овојпат по брз контранапад, зголемувајќи ја предноста на 3-0. Во вториот дел опадна нивото на игра, но и покрај тоа ПСЖ постигна уште еден гол и тоа во 87. минута преку Гонзало Рамош. Ова значи дека ПСЖ ќе се сретне со Челси во финалето на Светското клупско првенство кое ќе се игра во недела во 21 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.