July 10, 2025 | | Македонија
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок на најновата ранг листа на ФИФА, објавена по јунскиот репрезентативен прозорец. Благодарение на позитивните резултати, нашата селекција сега се наоѓа на 62. позиција во светот, што претставува чекор напред во однос на претходното рангирање. Клучни за скокот на табелата беа гостинската победа над Казахстан и ремито против една од најсилните европски селекции – Белгија. Овие натпревари покажаа дека Македонија може да се носи и со далеку повисоко рангирани противници, а самодовербата во таборот расте пред продолжението на натпреварите. На врвот на ранг листата и понатаму останува Аргентина, следена од Шпанија и Франција. Во најдобрите десет се и Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска. Македонија ќе има нова можност за бодовен прогрес во септември, кога на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Лихтенштајн – натпревар што многумина го гледаат како шанса за продолжување на добрата серија и за нов скок на меѓународната сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |