July 10, 2025 | | Свет
Лоши вести за Реал Мадрид и навивачите на „кралскиот клуб“ – англискиот интернационалец Џуд Белингем ќе мора да оди на операција на рамото, по што го очекува подолга пауза. Белингем подолг период играше со болки, а медицинскиот тим на Реал Мадрид одлучи дека проблемот мора да се реши хируршки, но операцијата беше одложена сè до завршувањето на Светското клупско првенство. Откако Реал вчера ги заврши настапите на ова натпреварување, 21-годишниот фудбалер ќе оди под нож. Според шпанските медиуми, Белингем ќе паузира од три до четири месеци, што значи дека сигурно ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Ла Лига и некои натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |