July 10, 2025 | | Свет
Навивачите на Арсенал го кренаа гласот и масовно ја изразуваат својата фрустрација откако во јавноста се појавија информации дека клубот е подготвен да плати до 60 милиони фунти за Нони Мадуеке од Челси. Според англиските медиуми, „топчиите“ веќе испратиле официјална понуда вредна 50 милиони фунти, додека Челси, кој нема ништо против трансферот, инсистира на нешто поголема сума – околу 60 милиони фунти. Оваа можност силно ги вознемири навивачите на Арсенал, кои сметаат дека станува збор за преценет фудбалер кој не се има докажано во Премиер лигата. Незадоволството кулминираше со онлајн кампања и хаштагот #NoToMadueke, кој брзо стана тренд на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат зошто клубот би платил огромна сума за играч со релативно скромен ефект во Челси, особено кога се мачи да го финализира трансферот на Виктор Ѓокереш од Спортинг – трансфер кој исто така се проценува на околу 70 милиони евра. Навивачите исто така ја посочуваат и алтернативата – Еберечи Езе од Кристал Палас, за кого може да се плати слична сума, но кој, според нив, е далеку покомплетен играч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |