July 10, 2025 | | Свет
Двајца возачи на камион, кои биле непосредни сведоци на сообраќајната несреќа во која животот го загубија фудбалерот Диого Жота и неговиот брат, излегоа со изјави кои ја доведуваат во прашање официјалната верзија на несреќата. Според полицијата, Жота и неговиот брат патувале кон Сантандер со зелено Ламборгини, кога поради пукната гума изгубиле контрола над возилото и излетале од патот. Автомобилот се запалил, а двајцата починале на лице место. Во извештајот се наведува дека клучен фактор била големата брзина. Меѓутоа, сведоците Хозе Азеведо и Хозе Алеишо Дуарте не се согласуваат со тоа. Азеведо, кој тврди дека го снимил моментот на несреќата и се обидел да помогне, категорично отфрла дека Жота возел брзо. „Моето срце е тешко, но совеста ми е чиста. Се обидов да помогнам, но беше предоцна. Им го давам мојот збор на семејството – тие не возеа брзо. Можев да го видам автомобилот кога ме претекнаа, возеа многу мирно. Овој пат го возам секојдневно и сум видел навистина опасни возења, но ова не беше едно од нив“, изјави Азеведо. Неговиот колега, Дуарте, се согласи со тврдењето дека Ламборгини-то се движело со нормална брзина и дека ништо не укажувало на ризично однесување. Овие нови сведоштва отвораат прашања во врска со точните околности на несреќата и може да предизвикаат нова истрага за да се утврди вистината за трагичниот настан кој ја потресе фудбалската јавност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |