July 10, 2025 | | Македонија
Фудбалерите на Вардар вечерва беа светла точка за македонскиот фудбал, откако како единствени запишаа победа во првото коло од квалификациите за Конференциската лига. „Црвено-црните“ на Националната Арена „Тодор Проески“ славеа убедливо со 3-0 против Ла Фиорита од Сан Марино и направија голем чекор кон второто квалификациско коло. Иако Вардар доминираше од самиот почеток, првото полувреме заврши без голови. Се редеа шанси, но гостинскиот голман успеваше да ја сочува мрежата. Во вториот дел, се смени сликата. Веќе во 48. минута Омерагиќ го отвори резултатот по убава асистенција од Закариќ. Само 18 минути подоцна, автогол на Мазоти донесе 2-0, а веднаш потоа Роџерс Мато погоди за конечни 3-0 и стави точка на натпреварот. Вардар имаше уште неколку можности да ја зголеми предноста, но резултатот остана непроменет до крајот. Со оваа победа, тимот од Скопје е многу блиску до пласман во следната рунда од европските натпреварувања, за разлика од Работнички и Силекс кои беа поразени на гостувањата. Реваншот против Ла Фиорита се игра следната недела. Фото: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |