Егото на ѕвездите ја тресе соблекувалната на Реал Мадрид – Алонсо добива одврзани раце

July 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Егото на ѕвездите ја тресе соблекувалната на Реал Мадрид – Алонсо добива одврзани раце

Историјата многупати покажала дека кога ќе се соберат премногу ѕвезди во еден тим, често е тешко да се одржи хармонија. Егото и личните амбиции неретко го поткопуваат тимскиот дух, што води до неуспех – сценарио кое, според „Марка“, моментално се одвива во Реал Мадрид. Минатата сезона веќе сигнализираше проблеми, особено во дуелите против Барселона, а вчерашниот пораз од Пари Сен Жермен ја потврди загриженоста – „кралскиот клуб“ доживеа нов дебакл. Шпанскиот медиум пишува дека алармот е веќе вклучен во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството е свесно дека во тимот постои сериозен проблем со „преголеми егоа“ и тоа го нарушува функционирањето на колективот. Во обид да ја стабилизира ситуацијата, клубот му дал целосна поддршка на тренерот Чаби Алонсо. Без разлика на неговите одлуки, му е оставено слободно да преземе мерки какви што смета дека се неопходни за да се врати дисциплината и тимската рамнотежа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.