Елмас сака трансфер, Лајпциг не е дел од неговите планови

July 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Елмас сака трансфер, Лајпциг не е дел од неговите планови

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ова лето би можел да ја смени средината откако, според германскиот Кикер, фудбалерот нема намера повторно да оди на позајмица и инсистира на траен трансфер. По минатогодишниот трансфер во РБ Лајпциг, Елмас не доби вистинска шанса да се докаже во Бундеслигата. Сепак, неговата позајмица во Торино беше прилично успешна, при што македонскиот ас остави одличен впечаток во италијанската Серија А. Иако постоеше интерес од Торино да го откупи неговиот договор, клубовите не успеаја да се договорат околу трансферната сума, па Елмас се врати во Лајпциг. Според германските медиуми, клубот нема долгорочни планови за него, а и самиот играч повеќе не сака да биде испраќан на позајмици. Очекувањата се дека во следните недели ќе се интензивираат преговорите за негово целосно заминување од германскиот клуб, а неколку клубови од Италија и Шпанија веќе покажале интерес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.