July 11, 2025 | | Свет
Чаби Алонсо од август започнува нова фаза во својата тренерска филозофија во Реал Мадрид. Како што објави новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“, стратегот ќе постави јасни и строги стандарди – без разлика на имињата и репутацијата на играчите. По тешкиот пораз од ПСЖ (4-0) на полуфиналето од Светското клупско првенство, Алонсо доби јасен сигнал дека тимот има многу простор за напредок. Според Агире, Алонсо повеќе нема да биде „фин“ и нема да толерира недисциплина или недостаток на ангажман – дури и ако се работи за суперѕвезди како Мбапе, Винисиус или Белингем. „Тие што ќе работат напорно – ќе играат. Тие што нема да работат – ќе седат на клупа. Алонсо има карактер и од август нема да се штеди,“ изјави Агире. Се смета дека тренерот ја има целосната поддршка од претседателот Флорентино Перез, кој е подготвен дури и директно да интервенира доколку некој од ѕвездите покаже отпор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |