July 11, 2025 | | Свет
Барселона прави пресврт во својата трансфер-стратегија за засилување на левото крило. Како што пренесува „Скај Германија“, клубот од Камп Ноу се откажува од намерата да го ангажира Луис Диаз од Ливерпул и сега како приоритетна цел се појавува Маркус Рашфорд. Каталонците претходно не успеаја да го доведат Нико Вилијамс, а сега се повлекуваат и од трката за Диаз, бидејќи Ливерпул не сака да го продаде Колумбиецот, а и цената од околу 80 милиони евра се смета за превисока. Дополнителна компликација е интересот од страна на Баерн Минхен за истиот фудбалер. Поради тоа, Барса го става Рашфорд како нова трансфер цел број 1. Според медиумите, напаѓачот на Манчестер Јунајтед веќе подолго време има желба да игра на Камп Ноу и е подготвен да прифати и помала плата само за да го облече дресот на Барселона. Тренерот Ханси Флик веќе го одобрил трансферот, па наводно се преговара за позајмица со право на откуп за околу 40 милиони евра. Доколку Барса успее да ги усогласи финансиските услови и да најде модел за договор со Манчестер Јунајтед, трансферот би можел да се реализира наскоро.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |