July 11, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можел да добие нова шанса во кариерата, откако шкотските медиуми пренесуваат дека најверојатно ќе се пресели во Бундеслигата ова лето. Иако се споменуваше можноста за враќање во Шкотска, каде што интерес покажале Селтик, Ренџерс и неговиот поранешен клуб Абердин, изгледа дека Германската лига ќе биде следната дестинација. Миовски минатото лето се пресели во шпанската Жирона, но не успеа да се наметне и клубот е подготвен да го пушти. Најконкретен интерес за напаѓачот доаѓа од Фрајбург и Хамбургер. Конкретно Фрајбург е оној кој бара офанзивно засилување кој се смета за водечки кандидат. Останува да се види дали трансферот ќе се реализира наскоро, но јасно е дека 25-годишниот Миовски е пред нов предизвик во една од најсилните лиги во Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |