July 11, 2025 | | Свет
Катастрофалниот пораз од Пари Сен-Жермен со 0-4 во полуфиналето на Светското клупско првенство не само што го означи крајот на настапот на Реал Мадрид на турнирот, туку донесе и потреси во тимот. Новиот тренер Чаби Алонсо веднаш по мечот донел клучни одлуки за составот. Според шпанските медиуми, тројца играчи – Родриго, Дани Себаљос и Брахим Дијаз ќе бидат ставени на трансфер-листа. Клубот планира да инкасира средства од нивната продажба во текот на летниот преоден рок и да направи простор за нови засилувања. Дополнително, Реал Мадрид се простува и со еден од најголемите великани во поновата историја на клубот – Лука Модриќ. Хрватскиот маестро, кој цели 12 години го водеше средниот ред на „кралскиот клуб“, ќе ја продолжи кариерата во Милан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |