July 11, 2025 | | Свет
Антонио Еланга е нов фудбалер на Њукасл Јунајтед. Досегашниот член на Нотингем Форест се пресели на „Сент Џејмс Парк“ во еден од најзвучните трансфери ова лето во Премиер лигата. Клубот за услугите на шведскиот репрезентативец плати 55 милиони евра, со што Еланга стана едно од најскапите засилувања во историјата на Њукасл. Тој потпиша петгодишен договор и ќе има можност да формира силен офанзивен тандем со сонародникот Александар Исак, доколку напаѓачот остане во клубот. „Пресреќен сум. Тој беше една од нашите приоритетни цели и многу сум задоволен што го обезбедивме неговиот потпис уште на почетокот од подготовките“, изјави менаџерот Еди Хау. Еланга претходно настапуваше и за Манчестер Јунајтед, а минатата сезона за Нотингем Форест одигра 38 натпревари и постигна шест гола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |