July 12, 2025 | | Македонија
Македонскиот голман Ристо Јанков и официјално е ново засилување на Македонија Ѓорче Петров. Тој пристигнува без отштета по истекот на договорот со Шкендија, каде што бранеше во минатата сезона. Со ова, „лавовите“ го комплетираа своето четврто засилување во летниот преоден рок, подготвувајќи се за камбек во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона ја минаа во Втората лига. Покрај Јанков, редовите на ЃП ги засилија и Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас, со што стручниот штаб добива поширока и поквалитетна база на фудбалери. Јанков (26) има богато домашно и меѓународно искуство – во македонскиот шампионат настапуваше за Работнички, Локомотива, Брегалница и Тиквеш, а надвор од земјата ги бранеше боите на казахстанскиот Каспиј и романскиот Поли. Сега, пред него е нов предизвик со амбициозниот проект на Македонија ЃП, кој има јасна цел – стабилност и конкурентност по враќањето меѓу најдобрите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |