July 12, 2025 | | Свет
Ибрахима Конате нема намера да го продолжи актуелниот договор со клубот од „Енфилд“, кој истекува во летото 2026 година, пренесува шпанскиот „АС“. Според истиот извор, 26-годишниот стопер веќе им соопштил на заинтересираните страни дека има желба по една година да се пресели во Реал Мадрид. Реал, кој веќе неколку години е во потрага по долгорочна замена за својата стара гарда во одбраната, внимателно ја следи ситуацијата. Се шпекулира дека трансфер би можел да се случи и ова лето, но тоа зависи од евентуалното заминување на Давид Алаба од клубот. Конате е дел од Ливерпул од летото 2021 година, кога пристигна од РБ Лајпциг. Во сезоната 2024/25 запиша 42 настапи во сите натпреварувања, при што постигна два гола и запиша две асистенции. Неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 60 милиони евра. Реал Мадрид во Конате гледа потенцијален столб во одбраната за наредните години, но останува да се види дали „кралевите“ ќе го активираат трансферот уште летово или ќе почекаат договорот да влезе во последната година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |