Ханси Флик искрено му кажал на Тер Штеген каква улога ќе има наредната сезона

July 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ханси Флик искрено му кажал на Тер Штеген каква улога ќе има наредната сезона

Во Барселона се заострува ситуацијата околу германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген. Според најновите информации, новиот тренер на каталонскиот клуб, Ханси Флик, повеќе не смета сериозно на својот сонародник и му соопштил дека нема да биде ниту прв, ниту втор голман во сезоната што следи. Фабрицио Романо пренесува дека Флик е решен да започне нова ера помеѓу стативите, со Хоан Гарсија и Војчех Шчесни како главни кандидати за стартната позиција. И покрај тоа што клубот би сакал да се ослободи од Тер Штеген, Германецот останува решен да не си замине и повеќе пати изјави дека ќе се бори за своето место. Барселона се соочува со комплицирана ситуација: играчот има долг и скап договор, а истовремено е решен да остане, додека тренерот има сосема поинакви планови. Сагата околу иднината на Тер Штеген во „Камп Ноу“ допрва ќе се расплетува.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.