Повеќе одмор за фудбалерите: ФИФА и синдикатите постигнаа договор

July 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Повеќе одмор за фудбалерите: ФИФА и синдикатите постигнаа договор

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, седна на иста маса со претставници на глобалните синдикати на фудбалери и конечно се донесе договор со кој треба да се стави крај на хроничниот замор кај фудбалерите. Договорот кој беше постигнат е 72 часа меѓу натпревари и 21 ден задолжителен одмор по сезона. Овие нови стандарди ќе важат глобално и имаат цел да го заштитат менталното и физичкото здравје на фудбалерите, кое во последниве години е под постојан притисок од згуснати календари и нескротливи комерцијални интереси. „Секоја сезона мора да завршува со вистински одмор – не со прелетување од еден на друг турнир“, велат од ФИФА, но и самите признаваат: имплементацијата ќе биде голем предизвик. На пример, како ќе изгледа ситуацијата со клубовите кои играат доцна во четврток во Лига Европа, а се враќаат на домашен терен веќе во недела? Решението – префрлање на тие мечеви во понеделник – не е прифатливо за сите лиги, особено не за Бундеслигата која традиционално не игра во тој ден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.