Челси славеше, и Трамп со нив – бизарна сцена по финалето во Њујорк (ВИДЕО)

July 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси славеше, и Трамп со нив – бизарна сцена по финалето во Њујорк (ВИДЕО)

Челси го декласираше ПСЖ со 3-0 и ја освои титулата на Светското клупско првенство, но прославата на историскиот триумф доби неочекуван пресврт – во главна улога, Доналд Трамп. Додека играчите се обидуваа да го дигнат пехарот, претседателот на САД одби да се помести од центарот на кадарот. Рис Џејмс и голманот Роберт Санчез љубезно го замолиле Трамп да се повлече неколку чекори, но тој упорно останал на своето место, покажувајќи дека не планира да им го препушти моментот на славје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.