July 14, 2025 | | Свет
Иако Челси го декласираше ПСЖ со 3-0 во финалето на Светското клупско првенство, вистинска драма се случи по последниот свиреж на стадионот „МетЛајф“. Наместо спортски честитки, натпреварот заврши со масовна пресметка, а во центарот на конфликтот се најдоа тренерот на ПСЖ Луис Енрике и фудбалерот на Челси, Жоао Педро. Ситуацијата ескалираше кога, според сведочења и видео-снимки, Енрике го удри Жоао Педро прво во вратот, а потоа и во лицето, по што Бразилецот падна на тревата. По мечот, стрелецот на третиот гол за Челси реши да проговори. „Го заштитив Андреј Сантос затоа што видов дека играчите на ПСЖ го имаа опколено. Како вистински Бразилец, го бранев мојот соиграч. Во метежот некој ме турна – тоа е дел од играта.“ Иако беше жртва на физички напад, Педро остана смирен и достоинствен. „Мислам дека тие не знаат како да прифатат пораз, но поразите се дел од фудбалот. А сега е време за наше славје.“ Се очекува ФИФА да отвори дисциплинска постапка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |