Сан Сиро го чека Модриќ – трансферот во Милан блиску до реализација (ВИДЕО)

July 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сан Сиро го чека Модриќ – трансферот во Милан блиску до реализација (ВИДЕО)

Легендата на хрватскиот фудбал и досегашен играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ, денеска пристигна во Милано за да го финализира трансферот во редовите на италијанскиот гигант Милан. Тој ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, по што треба да стави потпис на договорот, со што официјално ќе стане дел од „росонерите“. Модриќ беше пречекан од десетици новинари и навивачи. „Мило ми е што сум тука, се радувам на новиот предизвик. Ќе имаме време за муабет“, изјави Модриќ со насмевка. Ова значи крај на една славна етапа во Реал Мадрид, каде Модриќ освои се што можеше да се освои, и почеток на ново, амбициозно поглавје на „Сан Сиро“. Се очекува клубот наскоро да ја потврди зделката и да го претстави фудбалерот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.