Не бил само Јамал: И други ѕвезди изнајмувале џуџиња за забава

July 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Не бил само Јамал: И други ѕвезди изнајмувале џуџиња за забава

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, се најде во сериозни неприлики откако неговата роденденска забава по повод полнолетството предизвика лавина од реакции во шпанската јавност. Причината? На забавата биле ангажирани луѓе со низок раст (џуџиња), тренд што во последните години е присутен кај некои елити и богати личности во Шпанија, но кој станува сè пооспоруван од страна на јавноста и активисти за човекови права. Според локалните медиуми, присутните џуџиња изведувале акробации и биле дел од забавната програма, што кај дел од јавноста се протолкува како понижувачко и деградирачко однесување. Дополнителен притисок врз случајот создава фактот дека се најавува можност Јамал да биде повикан и пред суд, доколку се утврди дискриминаторски или навредлив третман. Оваа практика не е непозната во фудбалските кругови. Слични роденденски „ангажмани“ во минатото имале и други фудбалери, меѓу кои екс-играчите на Милан Тео Ернандез и Саму Кастиљехо, а споменуван е и младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.