July 14, 2025 | | Свет
Контроверзијата што се разви околу роденденската забава на фудбалерот Ламин Јамал, каде што беа ангажирани лица со низок раст, доби неочекуван пресврт откако една од личностите што била присутна на настанот јавно проговори. Во своја изјава за медиумите, учесникот – кој е лице со патуљест раст – реши да ги брани и Јамал и останатите организатори, велејќи дека не било сторено ништо навредливо или понижувачко. „Апсолутно никој не ни покажал непочит. Пуштете нè да си ја работиме работата во мир. Не разбирам зошто се дигна толкава драма.“ Тој истакнува дека ангажманот бил целосно легален и доброволен, а работата како забавувач е избор кој тие свесно и со задоволство го прават. „Ние сме нормални луѓе кои прават она што сакаат да го прават. Тоа е работа во која уживаме – изведуваме магија, носиме пијалаци, играме. Зарем тоа не смееме да го правиме само поради нашиот раст? Па, ние не сме мајмуни.“ Осврнувајќи се на критиките од здружението АДЕЕ, кое најави тужба против Јамал, тој беше остар. „Не се согласувам со здружението. Тие сакаат да нè понижат и да ни ја одземат работата. Нам ни носат штета веќе со години, со намера да забранат нешто што ние го сакаме и доброволно го работиме.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |