Ливерпул ја одби понудата од Баерн за Диаз, се бара астрономска сума

July 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ливерпул ја одби понудата од Баерн за Диаз, се бара астрономска сума

Баерн Минхен испратил официјална понуда за потпишување со крилниот напаѓач Луис Диаз од Ливерпул. 28-годишниот колумбиски репрезентативец се појави како главна цел за Баерн, а нивната прва официјална понуда пристигнала недела, пишува Дејвид Орнстин од The Athletic. Понудата изнесувала 67,5 милиони евра (58,6 милиони фунти) која веднаш била одбиена од шампионот на Премиер лигата. Ливерпул го проценува Диаз на повеќе од 100 милиони евра, иако се вели дека таа вредност е повеќе за сметководствени цели отколку за вистинска продажба, бидејќи досега нивната позиција е дека тој не се продава. Поранешниот напаѓач на Порто е во последните 24 месеци од договорот со Ливерпул, и досега нема знаци за продолжување — а Диаз јасно му дал до знаење на клубот дека сака да си замине. Сепак, и понатаму Ливерпул го гледа како важен дел од нивните планови за следната сезона. Диаз се приклучи на Ливерпул од Порто во јануари 2022 година за почетна сума од 37,5 милиони фунти, со можност таа да се зголеми до 50 милиони фунти со бонуси. Тој има одиграно 148 натпревари за клубот, постигнувајќи 41 гол и додавајќи 23 асистенции во сите натпреварувања. Диас одигра клучна улога под водство на Арне Слот за време на шампионската сезона 2024-25 во Премиер лигата, постигнувајќи 13 голови во 36 натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.