„Пума“ и Манчестер Сити го потпишаа најголемиот договор во историјата на англискиот фудбал

July 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Пума“ и Манчестер Сити го потпишаа најголемиот договор во историјата на англискиот фудбал

Манчестер Сити и спортскиот бренд „Пума“ денеска ја официјализираа новата соработка која ќе трае до 2035 година – договор кој веќе се оценува како највреден во историјата на англискиот фудбал. Според британските медиуми, станува збор за зделка вредна вртоглави 1.15 милијарди евра, што значи дека „граѓаните“ ќе инкасираат околу 115 милиони евра годишно во следните 11 години. Оваа сума претставува значително зголемување во однос на претходниот договор, потпишан во 2019 година, кога Сити добиваше околу 75 милиони евра годишно од германскиот производител на спортска опрема. Со ова продолжување на партнерството, Пума ќе продолжи да биде официјален снабдувач на спортската опрема за машките, женските и младинските тимови на Манчестер Сити, како и за останатите клубови под капата на City Football Group низ светот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.