„Српскиот Меси“ заминува во екипата на Елмас за огромни пари!

July 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Српскиот Меси“ заминува во екипата на Елмас за огромни пари!

Црвена Звезда ќе реализира излезен трансфер кој ќе остане запаметен како еден од највредните во историјата на клубот. Младиот фудбалски бисер Андрија Максимовиќ се сели во РБ Лајпциг за рекордни 14 милиони евра, а белградскиот гигант обезбеди и дополнителни 10% од следната продажба, што може да ја зголеми заработката уште повеќе. Германскиот клуб беше најконкретен и најупорен уште од почетокот на трката по потписот на 18-годишниот играч од средниот ред, кој важи за еден од најголемите таленти на Балканот. Во Србија веќе го нарекуваат „српскиот Меси“ поради техниката, визијата и зрелоста во играта, иако самиот Максимовиќ скромно избегнува вакви споредби. Изданокот на младинската школа на Звезда минатата сезона ја мина на позајмица во сателит-клубот Графичар, каде блесна со своите настапи и покажа дека е подготвен за многу повисоко ниво. Претставниците на Лајпциг ја следеа неговата еволуција подолго време, а трансферот е доказ за континуираната ориентација на клубот кон развој на млади таленти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.