July 15, 2025 | | Македонија
Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако вечерва во Скопје по продолженија славеа со 2-1 над ТНС од Велс. Натпреварот беше исполнет со драма, борба и клучни потези на искусниот Бесарт Ибраими, кој иако не се запиша во листата на стрелци, директно учествуваше во двата гола на тетовскиот клуб. Шкендија го отвори резултатот во 18. минута, кога Тамба се најде на вистинското место по мајсторска акција и одлична асистенција од Ибраими. Иако велшкиот состав не покажа многу во нападот, искористи една грешка на домашната одбрана – во 38. минута Фетаи Вилијамс го искористи лошиот прием на топката и израмни на 1-1. Во вториот дел Шкендија имаше поголема иницијатива, но немаше конкретни закани, па натпреварот отиде во продолженија. Клучниот момент дојде во 116. минута: Ибраими уште еднаш се вклучи со удар од далечина, топката стигна до Адеми, кој центрираше, а Боехам од ТНС несреќно си ја погоди сопствената мрежа – за конечни 2-1 и славје на трибините. Во второто квалификациско коло, Шкендија ќе има многу потежок предизвик – се среќава со романскиот гигант Стеауа, екипа со богата историја и европско искуство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |