Освои сѐ со Реал, сега ќе игра за клуб од Втора лига!

July 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Освои сѐ со Реал, сега ќе игра за клуб од Втора лига!

По речиси една деценија во дресот на Реал Мадрид, Хесус Ваљехо и официјално ја затвори страницата со „кралскиот клуб“. 28-годишниот централен дефанзивец потпиша договор со Албасете, член на шпанската Сегунда дивизија, каде што ќе се обиде да ја рестартира кариерата. Ваљехо пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2015 година како талентиран тинејџер од Реал Сарагоса, но за цели 10 години успеа да запише само 35 настапи за првиот тим. Повеќето сезони ги мина на позајмица во други клубови, меѓу кои Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхемптон, Сарагоса и Гранада. Иако не беше првотимец, Ваљехо си заминува од Реал со импресивна колекција на трофеи: 2 Лиги на шампиони, 3 Светски клупски првенства, 1 Ла Лига, 1 Куп на Кралот, 1 Суперкуп на Шпанија и 1 УЕФА Суперкуп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.