July 16, 2025 | | Свет
Иако Челси го освои новото Светско клупско првенство во проширен формат со 32 клуба, вистинскиот трофеј не заврши во Лондон – туку во канцеларијата на Доналд Трамп. Акутелниот претседател на САД потврди дека оригиналниот пехар останал кај него, откако му бил донесен лично од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, пред почетокот на турнирот. „Го прашав: Кога ќе си го земете трофејот? Ми одговорија: Никогаш нема да го земеме. Може засекогаш да остане тука во канцеларијата. Ќе направиме нов. И навистина направија нов“, изјави Трамп, додавајќи: „Тоа беше возбудливо, сега е тука.“ Според проценките, оригиналниот трофеј вреди околу 230.000 долари, содржи 24-каратно злато, и воопшто не се разликува од оној што го доби Челси – со таа разлика што трофејот кај Трамп е првиот и вистинскиот. ФИФА не ја коментираше формално оваа постапка, но останува нејасно дали е ова вообичаена практика или посебен гест кон американскиот претседател, чија улога во организацијата на турнирот беше повеќе од церемонијална.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |