July 16, 2025 | | Свет
Барселона нема да ја добие потребната документација за да го одигра натпреварот против Комо на „Камп Ноу“, објавуваат повеќе шпански медиуми. Тоа значи дека „каталонците“ ќе мораат повторно да го менуваат планот за Гампер трофејот, натпревар кој годинава требаше да има значење многу поголемо од симболика и традиција. Како што е познато, реконструкцијата на „Камп Ноу“ сè уште не е завршена, поради што клубот првите три кола во Ла Лига ќе ги одигра на гости. Но, претседателот Жоан Лапорта и раководството се обидуваа по секоја цена „Гамперот“ да го одиграат на домашен терен, со капацитет ограничен на 30.000 гледачи. Причината? Правилото 1:1 на Ла Лига и финансискиот фер плеј. Во декември 2023 година, Барса продаде дел од ВИП ложите за 100 милиони евра на арапски инвеститори, но Ла Лига одби тие средства да се признаат, со образложение дека клубот не може да продаде нешто што не е физички завршено и не е ставено во функција. Со одигрување на натпревар на „Камп Ноу“, дури и ревијален како против италијанскиот Комо, Барса сакаше да покаже дека ВИП ложата е активна, што би ја променило позицијата на Ла Лига и би овозможило тие 100 милиони евра да се признаат во рамките на финансиските регулации. Тоа директно влијае врз трансфер политиката – доколку клубот влезе во правилото 1:1, ќе може да регистрира нови фудбалери без ограничувања. Но, повторниот неуспех во реализација на овој план може да има големи последици.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |